МК Сцена
Забава за крај на летото во паркот „Аеродром“
Овој петок во паркот „Аеродром” за прв пат ќе се случи „END OF SUMMER PARTY“.
Настан со кој ќе се одбележи официјалниот крај на летниот период.
Со паролата „Да го испратиме последното зајдисонце од ова лето и да ја пречекаме првата месечина од есента”, младите ентузијасти ве покануваат на open air журка во паркот на авионот „Аеродром”- паркот со авионот во склоп на терата на кафе бар-от МАМБО.
Уживајте во disco house, funk house, jazz house и tech, внимателно селектирани од Dj Tanimed и Dj Andrej Micajkov, скопските “забавувачи“ кои буквално се најбукираните Dј во градов и се дежурните виновници за клубските забави.
Организаторите најавуваат екслузивни дампинг цени на пијалоците, одлична аудио и техника за осветлување а и други изненадувања за време на оваа ултимативна 6 часовна забава!