Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ЗАОКРУЖЕТЕ ГО 4 МАРТ: Оливер и Џибони со голем концерт во Скопје

МК Сцена

ЗАОКРУЖЕТЕ ГО 4 МАРТ: Оливер и Џибони со голем концерт во Скопје

Заокружете го 4 март, зашто во Скопје токму на тој ден ни доаѓаат две легенди, две огромни музички имиња од просторите на поранешна Југославија – на 4 март прв пат во Скопје заеднички концерт ќе имаат Оливер Драгојевиќ и Златан Стипишиќ – Џибони!

Заедничкиот, неколкучасовен музички спектакл е закажан во ВИП Арената Борис Трајковски, а билетите за истиот во продажба ќе бидат пуштени од 20 јануари.

Концертот е во организација на Гуливер Милс.

Двајцата великани на хрватската музичка сцена во Скопје доаѓаат во склоп на турнејата во чии рамки ја претставуваат својата „Фамилија”, односно заедничкиот материјал снимен и инспириран од нивни животни приказни и случки.

– „Фотографијата за омотот на албумот ја направи синот на Оливер, Давор, додека, пак, дизајнот е на мојата ќерка Тања. Насловната фотографија е од 80-тите години, а на неа се наоѓа семејството Драгојевиќ. Сите се прашуваат каде сум јас на неа, а јас им одговарам дека можам да бидам само мајмун на таа фотка”, изјави Џибони по промоцијата на материјалот, кој речиси во сите поголеми градови во Хрватска веќе имаше и концертна промоција.

Освен темите од новиот материјал Драгојевиќ и Џибони пред домашната публика ќе ги отсвират своите најголеми хитови, а, се разбира, дека се подготвуваат и неколку изненадувања. Бидете сигурни дека Драгојевиќ и Џибони подготвуваат огномент од емоции.

Не  заборавајте – 4 март, ВИП Арена Борис Трајковски, во иста вечер, на иста сцена – Оливер Драгојевиќ и Златан Стипишиќ – Џибони.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.