Сцена
Започна аутопсијата на Принс
Започна аутопсијата на американската поп ѕвезда Принс, кој почина на 57-годишна возраст во родниот град Минеаполис, во државата Минесота, соопштија американските лекари по судска медицина, пренесуваат светските агенции.
Докторите прецизираа дека замењето на материјал и истражувањето ќе потрае неколку дена, а за резултатите од конечната анализа, кои можат да покажат евентуално присуство на отровни материи или дрога во телото, се потребни и неколку седмици.
Нема да се даваат информации се додека не излезат конечните резултати од анализата, објаснија американските доктори по судска медицина.