Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Започнува снимањето на играниот филм „Мими“ во режија на Даријан Пејовски

Сцена

Започнува снимањето на играниот филм „Мими“ во режија на Даријан Пејовски

Започнува снимањето на играниот филм „Мими“ во режија на Даријан Пејовски

По повеќемесечни подготовки, “Скопје Филм Студио“ започнува со снимање на новиот долгометражен игран филм на режисерот Даријан Пејовски, насловен како “Мими“.

“Мими“ ќе биде втор долгометражен филм на Пејовски, кој во својата филмска биографија како режисер ги запиша “Три дена во септември“ (2015), неколку краткометражни филмови, а во изминатиот период работеше на ТВ-сериите “Фамилија Марковски“, “Инсајдер“ и “Преспав“.

Во овој филмски проект, режисерот фокусот го става на два женски лика, портретирани од млади македонски актерски таленти, кои ќе имаме можност да ги видиме во филмските кадри поддржани од искусна машка актерска екипа, предводена од Оливер Митковски. Преку разработка на психолошките аспекти на несовпаѓањето со средината и обидите за воспоставување на емоционална рамнотежа во општество базирано на алчност и површност, низ призмата на новите генерации, во стил карактеристичен за Пејовски, “Мими“ претставува повик за освестување на одредени аспекти од личноста на секој еден од нас.

Мими е психолошка драма за девојка која, потисната од родовите предрасуди во родниот крај, доаѓа да живее во Скопје. Се запознава со eкстровертната Сара и меѓу нив се раѓа пријателство што набрзо преминува во опсесија. Мими е филм за површноста, и лажните фасади што ги покажуваме пред другите.“ – изјави Даријан Пејовски, режисер на филмот.

Филмскиот проект “Мими“, кој доби финансиска поддршка од “Агенција за Филм на Република Северна Македонија“, како проект од Национален интерес, ќе се снима согласно утврдените протоколи за филм и заштита на јавното здравје од Владата на Северна Македонија.

Во вакви тешки денови за целата индустрија и културно-уметничка сцена, кога секојдневно сме сведоци на откажување и одложување на проекти, од суштинска важност е да се нагласи поддршката која ја добивме од Агенцијата за Филм на Р.С.М. И покрај ситуацијата со Ковид-19 во која се наоѓаме, Агенцијата продолжи континуирано да поддржува проекти од национален интерес, придонесувајќи кон одржувањето во живот на нашата филмска фела и сите филмски работници кои се дел од неа.“ – изјави Томи Салковски, продуцент на филмот. “Верувам дека заедно со целиот тим ќе успееме повторно да испорачаме одличен продукт пред љубителите на македонскиот современ филм.“ – дополни тој.

Снимањето, кое официјално започна на 13.10.2020 и ќе трае до 16.11.2020 година, е планирано да се реализира на повеќе локации во Скопје.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.