Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Заробљено време“ – премиера на филмот за југословенскиот рокенрол во Скопје

МК Сцена

„Заробљено време“ – премиера на филмот за југословенскиот рокенрол во Скопје

„Заробљено време“ – филм за југословенскиот рокенрол, во режија на Милан Никодијевиќ, снимен долж цела поранешна држава, во кој најголемиот регионален музички новинар – Петар Пеца Поповиќ ја испишува својата неформална биографија, со Горан Бреговиќ, ЈУ група, Смак, Индекси, Корнелија Ковач, Влатко Стефановски, Бајага, Калиопи, Велибор Џаровски – Џаро… во главните улоги – по успехот во Белград, Загреб, Нови Сад…, конечно и во Скопје.

Како дел од проектот: Денови на српска култура во Македонија, во организација на Културно-информативен центар Спона, ќе биде прикажан во Кино Фросина во МКЦ, во среда, 11 aприл во 20 часот.

На премиерата, на која ќе може да присуствуваат сите вљубеници во филмот и во музиката (влезниците се симболични 100 денари), ќе се претстави и тимот кој го реализираше овој феноменален документарец, предводен од Пеца Поповиќ и Милан go Никодијевиќ.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.