Сцена
ЗАВОДНИК КАКО ТАТКО МУ: Бруклин Бекам ја заведе двојно постарата Ешли Робертс
Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин стана вистински заводник.
Брклин Бекам иако има само 17 години, веќе освои две млади и убави актерки, Клои Грејс Морец и Соња Бен Амар, но сега отиде чекор подалеку.
Како што јавуваат британските медиуми, на забавата по доделувањето на „Брит Авордс“ во Лондон, Бруклин бил во друштво на двојно повозрасната од него пејачка Ешли Робертс. една од членките на познатата гурпа „Пусикет Долс“.
– Таа многу сакаше да го запознае, па го замоли агентот да ја запознае со него и покрај разликата во годините. Цело време тие весело разговараа и не се раздвојуваа еден од друг. Ешли му покажа и неколку танчерски чекори, откри непознат извор за магазинот „Сан“.
Иако, од ни Бруклин, ни Ешли не биле достапни за коментар, таблоидите наведуваат дека, според очевидци, „Бруклин не ја симнал насмевката од лицето“ цела вечер.