Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ЗАВРШИ ЕГЗИТ АВАНТУРАТА: Преку 77.000 луѓе на Си Денс фестивалот во Будва (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Музика

ЗАВРШИ ЕГЗИТ АВАНТУРАТА: Преку 77.000 луѓе на Си Денс фестивалот во Будва (ФОТОГАЛЕРИЈА)

По три возбудливи дена и уште толку возбудливи ноќи полни со емоции и незаборавни настапи на плажата Јаз бо Будва, со отсјајот на утринското сонце на Јадранот, заврши е третиот фестивал „Си Денс“.

Во продолжение на големата „Егзит авантура“ која ја следеше екипата на Популарно.мк и патувавме од Петроварадин до Јаз, најдобрите моменти ги опишуваме со два збора: животен спектакл, како што многумина го нарекоа настапот на Скрилекс на главната бина првата фестивалска вечер.

Момците од Манчестер, „Hurts” вчеравечер пред 27.000 луѓе на Јаз покажаа дека срцето е најголем адут во секое финале. Токму како што една вечер пред нив, крвава борба против дождот водеа „Stereo MC’s”, Енди Си, Систер Блис.

Вчера едногласно беа испеани стиховите на групата „Hurts”, Never give up, it’s such a wonderful life, Cause I’m looking for a Miracle! и I could never find the words to say: Stay! Stay with me.

По емотивниот настап на групата „Hurts” на главната бина, време беше за прослава и журка до раните утрински часови, која ја започна Шај Еф-Икс (Shy FX), а честа да приреди завршен спектакл имаше единствениот наследник на Скрилекс, Зомбој.

1468743608Hurts-_-DSC_4624-_-foto-Marko-Ristic

Плажата ечеше кога на сцената излезе легендарниот Џеф Милс. Никогаш порано виден на настап директно на плажа, на неколку чекори од Јадранот, овој настап за многу беше нешто што се гледа еднаш во животот, па многу луѓе токму поради Милс пристигнаа од крајот на светот.

Милс покажа лепезна емоција и ја одушеви публиката на плажата и се врати неколку пати на бина, продолжувајќи го сетот и крајно очекувано, ја однесе титулата за најдобар настап на овогодишната бина и тоа во конкуренција која три ноќи и денови му беа Блек Кофи, Систер Блис, Марко Настиќ, Младен Томиќ, Леа Добричиќ, Кристијан Молнар, Пи-Си, Проксимус и многу други.

1468743611Hurts_foto-A-Kamasi-24

Повеќе од 20.000 странски туристи од преку 50 земјии, и дури 200 меѓународни и регионални представници на медиуми беа во Црна Гора поради овогодинешниот, трет „Си денс“ фестивал кој беше одржан од 14. до 16. јули.

Во текот на трите фестивалски ноќи и денови на плажата во Будва, Јаз имало околу 80.000 посетители.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.