МК Сцена
„Здраво млади“ во МКЦ
„Палиндром“, Репетитор“, „Cigarettes after sex“ и Wooden Shjips се само некои од бендовите што ќе настапат вечер, на 8. фестивал „Здраво млади“ во Младинскиот културен центар (МКЦ).
Фестивалот почнува напладне, во 12 часот, со „Јуниор програма“. Ќе учествуваат членовите на популарниот детски музички состав „5+ Бенд“ – Петко, Цветко, Лина, Комшо и останатите ликови од детската тв серија „5+ Фамилија“.
Додека трае програмата за најмладите, ќе се одржи и работилница на тема „Мали победи“.