Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Жељко Бебек добитник на „Златна бубамара“ за животно дело

Сцена

Жељко Бебек добитник на „Златна бубамара“ за животно дело

Овогодинешното, јубилејно 25-то издание на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ ќе се одржи во четврток на 12 мај во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, под мотото „да живнеме!“

Златната бубамара за животно дело годинава оди кај рок-легендата Жељко Бебек.

Жељко Бебек е најпознат како пејач на групата „Бијело дугме“, иако започна респектибилна соло-кариера уште во време на постоењето на групата.

Роден е 1946 година во Сараево. Од мал се интересирал за музика и уште во училишните денови научил да свири на мандалонина, па потоа и на гитара. Во гимназија почнал да пее со групи, прво со „Ехо 61“, чиј член бил Корнелије Ковач. Во 1960-тите години преминал во групата „Кодекс“, една од позначајните сараевски групи во тоа време. 1969 година се сретнале со Горан Бреговиќ и почнале да настапуваат заедно – во Италија. Од ова релативно неуспешно искуство Бреговиќ и Бебек во 1972 ја создаваат групата „Јутро“, која во 1974 е преименувана во „Бијело дугме“. Се друго потоа е – историја.

Со „Бијело дугме“ Бебек сними 12 албуми кои се основа на антологијата на екс-ју рок-музиката. Уште во време на постоењето на „Бијело дугме“, тој сними и неколку соло албуми, чија популарност не беше ни приближна на онаа постигната со хитовите на „Дугме“. Според општата оценка на музичката критика, Бебек на секоја песна на „Бијело дугме“ и даде единствено доживување што никој друг пејач не успеа до го постигне. Откако ја напушти групата сними 14 албуми, од кои излегоа некои големи хитови, кои го потврдуваат и натаму неприкосновениот примат на Бебек како еден од најдобрите машки вокали во поширокиот регион.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.