Сцена
Жилиет Бинош ќе претседава со жирито на 78. Кански филмски фестивал
Канскиот филмски фестивал избра едно од најпознатите ликови на француската кинематографија во светот, актерката Жилиет Бинош, за претседател на жирито на 78-то издание на фестивалот, што ќе се одржи од 13 до 24 мај. 60-годишната актерка ја наследува режисерката на Барби, Грета Гервиг, која претседаваше минатата година. Таа ја додели Златната палма на американскиот филм „Анора“ на Шон Бејкер.
„По втор пат во историјата на фестивалот, двe уметници ќе го разменат овој престижен факел на претседателството на жирито“, се вели во соопштението на организаторите. Ова претходно се случи во 1960-тите, кога иконата на италијанската кинематографија Софија Лорен ја презеде функцијата од Оливија де Хавиленд.