МК Сцена
ЖИРИТО ЗАНЕМЕ: Антонија со првокласна изведба на „Две лири“ во „Ѕвездички“
Македонската учесничка во шоуто “Пинкови ѕвездички”, Антонија од Скопје, настапи во најновото издание на емисијата и уште еднаш покажа дека е веќе зрела и искусна пејачка, подготвена да застане цврсто на естрадната сцена. Во шестиот круг од шоуто, децата пејат по две песни на матрица, со подготвен сценски настап.
Првата песна што Антонија ја отпеа е антологиската “Две лири” од Каролина, по што жири комисијата занеме додека уживаше во нејзината интерпретација.
https://www.youtube.com/watch?v=whUGplzuEwQ
Втората песна беше “Feeling good” која ја изведе со танцувачка група.
https://www.youtube.com/watch?v=r0IRTPnaKAo
Коментарите на жирито и целата емисија ќе ги гледаме во понеделник во 21.45 часот на Сител телевизија.