МК Сцена
Журка под отворено небо: Аца Лукас на 25-ти јули доаѓа во Охрид!
Еден од најпопуларните српски пејачи во моментов, човекот на којшто годините не му можат ништо, еден од жирито на мега популарните „Ѕвезди на Гранд“, Аца Лукас на 25 јули ќе ја отвори охридската концертна сезона со летен концерт на плажата Немо во Охрид.
Хитовите коишто со години наназад не го симнуваат овој најпознат рокер меѓу фолкерите и фолкер помеѓу рокерите, од тронот, ќе се слушаат и на охридското крајбрежје.
Многу одамна неговата „Лична карта“ му отвори европска патека. Денес истата таа е синоним за одлична забава. Освен неа, на концертот во Охрид ќе се слушнат и хитовите со кои што денес полни концертни сали и стадиони не само во регионот туку и во Европа. „Кафана на Балкану“, „Нисам преживео“, „Истина је да те лажем“, „Песма од бола“, „Нешто против болова“…и многу други.
До 15 јули цената на влезниците е 250 денари. Од 15 јули, цената ќе биде 300 денари и истите можете да ги набавите низ локалните кафулиња и киосци во Охрид, продажната мрежа на купикартизасе, како и на денот на концертот на самата плажа Немо.
Аца Лукас со години наназад важи за миленик на македонската публика. Честопати е гостин на македонско тло а пред извесно време изјави и дека би сакал свој стан со македонска, односно охридска адреса. Во моментов е актуелен со концерти низ најголемите клубови и концертни сали во Европа, како и по улогата на член на жири комисијата во најгледаното музичко шоу не само во Македонија туку и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина – „Ѕвездите на Гранд“.
Забавата ќе трае до раните утрински часови и освен Лукас на сцената ќе се појават уште многу музички гости.
Загарантирана журка под отворено небо на 25 јули за само 250 денари (до 15 јули)…ќе ја пропуштите?