МК Сцена
Зошто се подигнаа само три столчиња за нашата Елена и „Зајди, зајди“? (ВИДЕО)
Елена Бимбиловска од Струга, една од трите наши учеснички во “Ѕвездичките на Пинк” во најновата емисија ја отпеа култната “Зајди, зајди” и доби само три столчиња од жирито, пренесува ТВ Пакет.
Членовите на жири комисијата сметаа дека нејзината изведба заслужува оценка – три, дека украсите и трилерите и биле погрешни и дека целата интерпретација била чудна и ладна. Затоа и ја испратија во баражот.
Сепак на крајот, Елена го помина баражот и ќе ја слушаме и гледаме повторно за две седмици во “Ѕвездичките”.
Повеќе за коментарите на жирито за оваа интерпретација на “Зајди, зајди”, дознаваме во понеделник на Сител во 21.15 часот.