Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Барселона нов европски фудбалски шампион

Спорт

Барселона нов европски фудбалски шампион

Екипата на Барселона ја освои фудбалската Лига на шампиони, откако синоќа во финалето на „Олимпискиот стадион“ во Берлин го победи Јувентус со 3:1.

Стрелци на головите за каталонскиот клуб беа Иван Ракитиќ (4.минута), Луис Суарез (68) и Нејмар (90+7), додека единствениот погодок за Јувентус беше дело на Алваро Мората во 55.минута.

По овој триумф Барселона ги обедини титулите од шпанската Примера, шпанскиот Куп и Лигата на шампионите и стана првата екипа на која вакво достигнување и успеало во два наврати. Претходно „тројна круна“ Каталонците освоија сезоната 2008/09.

Неславен рекорд на овој меч постави фудбалерот на Јувентус Патрис Евра како прв играч кој загубил три финалиња со три различни екипи (Јувентус, Манчестер Јунајтед и Монако).

Во тимот на Барселона причина за славје покрај освоениот трофеј имаат неколку фудбалери кои станаа рекордери. Чави Ернандез со 151 одигран натпревар е играчот со најмногу настапи во елитното натпреварување, Андрес Иниеста стана прв фудбалер со асистенции во три различни финалиња, а Меси и Нејмар на Барселона и го донесоа признанието прва екипа со двајца фудбалери со постигнати 10 или повеќе голови во една сезона.

Барселона во своето осмо финале во најсилното клупско европско фудбалско натпреварување стигна до петтиот шампионски трофеј, а Јувентус од исто толку обиди остана на два наслова европски шампион.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Спорт

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.