Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Болт најбрз во трката на 100 метри на Светското првенство во Пекинг

Останато

Болт најбрз во трката на 100 метри на Светското првенство во Пекинг

Усеин Болт од Јамајка го освои златниот медал во трката на 100 метри на Светското првенство што се одржува во Пекинг.

Тој во финалето беше побрз од Американецот Џастин Гетлин за една стотинка и патеката ја истрча за 9.79 секунди, а Гетлин имаше 9.80 секунди. Бронзениот медал го поделија Американецот Трејвон Бромел и Андре Де Грејс од Канада, кои имаа време 9.92 секунди.

За Болт ова е трет златен медал на светските првенства.

Во фрлање ѓуле кај мажите победи Џо Ковач од САД со фрлање со должина од 21.93 метри. Германецот Давид Шторл се пласира на втората позиција, а трет заврши О‘Дејн Ричардс од Јамајка.

Во дисциплината кладиво продолжи полската доминација откако Павел Фајдек го одбрани златото освоено во Москва пред две години. Тој имаше фрлање од 80.88 метри, а Дилшод Назаров од Таџикисан и Војчех Новицки од Полска имаа иста должина 78.55, но поради подобрата серија Назаров го освои среброто.

Во седмобојот кај жените Британката Џесика Енис – Хил го освои златниот медал со 6.669 поени што е нејзин најдобар резултат сезонава. Бриан Тесен од Канада го освои среброто, а Лаура Адмидина од Летонија бронзениот медал.

Во трката на 20 километри одење со најдобар личен резултат светски првак стана Шпанецот Мигуел Анхел Лопез – 1:19.14 час, пред Жен Ванг од Кина беше втор, а Бенџамин Торне од САД беше трет.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Останато

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.