Спорт
Еди Рама им вети дипломатски пасоши на албанските фудбалери
Албанскиот премиер Еди Рама им ја честиташе синоќешната победа на албанските репрезентативци над Романија нa Eвропското фудбалско првенство во Франција и најави дека ќе ја награди целата делегација, и играчите и техничкиот персонал, со дипломатски пасоши, јави агенцијата Анадолија.
– Почнувајќи од претседателот на Фудбалската федерација Армандо Дука, па се до последниот член, сите ќе добиете дипломатски пасоши, изјави Рама во видеото објавено на социјалната мрежа Фејсбук.
Историската победа над Романија, предизвика воодушевување меѓу навивачите на албанскиот состав, како на трибините нa „Стад де Лион“, така и во цела Албанија.