Ракомет
ЕХФ објави специјално видео за македонските навивачи
Официјалниот медиумски канал на Европската ракометна федерација (ЕХФ ТВ), подготви видео за македонските навивачи.
Популарната македонска навивачка „Фаланга“ уште еднаш го привлече вниманието на целокупната европска јавност, со бројноста, начинот и страста со кои македонските навивачи ги бодрат нашите репрезентативци на Европскиот шампионат во Хрватска.
И попладнево во загрепска „Арена“ се очекува најмалку 3.000 до 5.000 Македонци, безрезервно и гласно да ги бодрат црвено-жолтите во дуелот против актуелниот европски шампион Германија.
Почетокот на натпреварот е во 18 часот и 15 минути.