Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ЕП 2016 ракомет: Норвешка ја победи Полска и е опасност за Македонија

Ракомет

ЕП 2016 ракомет: Норвешка ја победи Полска и е опасност за Македонија

На Европското ракометно првенство што се одржува во Полска синоќа се случи мало изненадување. Норвешка му го нанесе првиот пораз на домаќинот и направи голем исчекор кон полуфиналето. Конечниот резултат на дуелот Полска – Норвешка е 28:30.

Со оваа победа Норвежаните се изедначија по број на бодови со Франција во групата 1, но имаат и натпревар помалку.

На другиот саботен дуел во Краков, Франција ја победи Хрватска со 32:24.
Македонија и Белорусија беа слободни.

Табела: Франција 6 бодови, Норвешка 6, Полска 4, Хрватска 4, Македонија 0, Белорусија 0.

Македонската ракометна репрезентација до крајот на Европското првенство ќе одигра уште два натпревара, утре со Норвешка и в среда (27 јануари) со Белорусија. И со евентуални две победи, и со победа само против Белорусија, Македонија нема да можат да биде подобро пласирана од 5. место во групата. Тоа значи шампионатот во Полска ќе го заврши од 9-12.место.

Сепак важен е добар резултат против Норвешка поради пласман на Олимписките квалификации. Победа на Норвежаните нив ќе ги донесе блиску до полуфиналето, а тогаш можно е тие да го загрозат местото на Македонија на Олимписките квалификации. Евентуално нивно злато на ЕП, или второ место ако Франција е шампион, значи дека Норвешка ќе игра на квалификации за Олимпијада.

Затоа е важно Македонија да одигра максимално утре и да се обиде да и го попречи патот до полуфиналето на норвешката репрезентација.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ракомет

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.