Спорт
Фенербахче поразен дома – Вардар во Лига Европа
Вечерва се пишуваше спортска историја не само на клубот Вардар, туку и на македонскиот фудбал.
Во реванш баражот македонскиот првак Вардар на „Шукру Сарачоглу“ стадионот во Истанбул го победи турскиот тим Фенербахче со 2:1 и со вкупни 4:1 избори место меѓу 48.екипи што ќе играат во групите од Лига Европа. Вардар е првата македонска екипа што ќе игра во групите од Лига Европа.
Во првиот дел домашниот тим имаше иницијатива, но најдобрата шанса ја имаше Вардар преку Тигран Барсегјан, кој го погоди стативата. Фенербахче поведе со 1:0 со голот на Роман Нојштадер 61.минута, но Вардар брзо изедначи со голот на Џамбул Џигаури 68.минута. Во продолжението Барсегјан имаше уште една шанса, но овојпат пречката беше „сојузник“ на голманот на Фенербахче Карлос Камењи. Голот за победа за „црвено-црните“ го постигна Никола Глигоров во 90+1 минута.
Вардар со вкупни 4:1 (2:0 на првиот дуел во Скопје) го елиминира Фенербахче и избори место во групите од Лига Европа. Избраниците на тренерот Чедомир Јаневски сосема заслужено остварија двојна победа во дуелот со турската екипа.
Извлекувањето на групите за Лига Европа ќе се одржи утре во Нион во седиштето на УЕФА со почеток во 13 часот.