Кошарка
ФОТО: Македонија го заврши настапот на ЕП во кошарка
Македонската кошаркарска репрезентација со четвртиот пораз во петтиот натпревар на ФИБА Евробаскет 2015, го заврши своето учество бидејќи не успеа да избори пласман во следната фаза.
Попладнево Македонија загуби од селекцијата на Словенија со 62:51, по четвртини (24:10, 7:14, 21:17, 10:10) со што остана на онаа единствена победа против Холандија којашто не е доволна за пласман во нокаут фазата.
Словенија убедливо ја доби првата четвртина со 14 поени разлика и се чини тоа беше доволно за да се добие натпреварот. Македонија во останатите три четвртини заигра добра одбрана, но нападот ни беше очаен, едвај постигнавме 51 поен што само по себе значеше сигурен пораз.
Најдобар поединец кај Македонија беше Владо Илиевски со 15 поени, Самарџиски постигна 10, Кај Словенците се истакна Драгиќ со 20 поени.
Од групата Ц сигурни патници за Лил се Грција, Хрватска и Словенија за последното место кое води меѓу 16 најдобри вечерва се борат Холандија и Грузија, доколку и двете селекции загубат понатаму се ќе се пласира Грузија.