Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФОТОГАЛЕРИЈА: Македонија пропушти шанса за поволен резултат против Полска

Ракомет

ФОТОГАЛЕРИЈА: Македонија пропушти шанса за поволен резултат против Полска

Ракометната репрезентацијата на Македонија синоќа пропушти голема шанса против домаќинот на Европското првенство Полска да го освои првиот бод. На средбата одиграна во Краков, пред 15.000 гледачи, Полјаците славеа минимална победа со 24:23, иако македонските ракометари уште еднаш, како што тоа беше случај во првиот меч против Франција, не само што беа рамноправен туку во најголемиот дел од мечот и подобар тим од домаќините.

Агресивни во одбраната и сконцентрирани во нападот избраниците на Обрван на полувремето заминаа со два гола предност (13:11). Сепак, во вториот дел Полска го искористи исклучувањето на Ацо Јоновски па со серија од 3:0 дојде и до предност (16:15). Во продолжение на мечот двете селекции тешко постигнуваа голови, па во 55.минута домаќинот и натаму имаше гол предност (22:21).

А, тогаш на сцена стапи домашниот голман Славомир Шмал, кој одбрани неколку клучни удари, на нашите ракометари, за во нападот неговите соиграчи да реализираат па со серијата од 3:0, Полска во на две ипол минути до крајот, дојде до највисоката предност од четири гола (25:21). Но, и тогаш црвено-жолтите не се откажаа, па со головите на Прибак, Лазаров и Миркуловски, намалија на гол негатива, кој во последните секунди можеа и да ја анулираат. Но, договореното на тајм-аутот кој го побара Обрван не се спроведе на дело, па изнудениот удар на капитенот Лазаров во последната секунда не ја погоди целта.

EHF Euro 2016 Polska - MacedoniaEHF Euro 2016 Polska - MacedoniaEHF Euro 2016 Polska - Macedonia
<
>

Кирил Лазаров со 8 голови беше најефикасниот ракометар на овој меч, додека Филип Миркуловски постигна 5 за Македонија. Кај Полска најефикасен беше Камил Сипжак со 6 гола од исто толку упатени удари.

Во првиот меч од 2.коло на групата „А“, Франција ја совлада Србија со 36:26, по што „триколорите’’ и Полска веќе го осигураа своето место во втората фаза на првенството.

Дали Македонија или пак Србија ќе биде третата селекција која ќе игра во следната рунда ќе се решава во меѓусебниот меч кој ќе се игра утре од 18:15 часот. За остварување на целта на македонската репрезентација ќе и одговара и нерешен резултат имајќи в предвид дека има подобра гол разлика од Србија.

Неизвесно ќе биде и во последното 3.коло од Б групата во кое сите четири селекции ќе влезат со по два освоени бодови, откако вчера Норвешка ја совлада Хрватска со 34:31, а Белорусија славеше минимална победа над Исланд со 39:38.

А група – табела: Франција 4 бодови, Полска 4, Македонија 0, Србија 0.

Б група – табела: Хрватска 2 бода, Норвешка 2, Исланд 2 и Белорусија 2.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ракомет

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.