ФФМ со допис до УЕФА поради националистичкиот испад на Марко Арнаутовиќ (ФОТО)
Фудбалската федерација на Мaкeдонија најостро го осудува националистичкиот испад на австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, после постигнатиот гол на вчерашниот натпревар со Македонија упатени кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.
Истовремено тие информираат дека поднеле официјален допис до УЕФА во кој бараат најстрога казна за австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ.
– „Како “Куќа на фудбалот” секогаш сме против национализам, дискриминација и сите други форми на навреди и испади кои не се во духот на фудбалот и вредностите за кои сите заедно се залагаме. Секогаш ќе застанеме и ќе ги браниме интересите и достоинството на македонските репрезентативци каде и да настапуваат.“ – велат од ФФМ.