Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Капитенот Пандев денеска за последен пат ќе одигра во македонскиот дрес

Фудбал

Капитенот Пандев денеска за последен пат ќе одигра во македонскиот дрес

Капитенот Пандев денеска за последен пат ќе одигра во македонскиот дрес

Македонскиот репрезентативец и капитен Горан Пандев, потврди дека денеска мечот против Холандија ќе биде неговиот последен одигран меч во македонскиот дрес – со што и официјално ќе замине од македонската фудбалска репрезентација.

Пандев со своите 37 години заминува од репрезентацијата со рекордни 121 натпревари и 38 постигнати голови.

– „Мечот со Холандија ќе биде мојот последен во дресот на репрезентацијата. Остваривме нешто што не знаеме кога ќе се повтори и ова е вистински момент да се простам од репрезентацијата. Оваа генерација фудбалери може да ни донесе многу радости и во иднина и верувам во пласман на Светско првенство. Среќен сум што заминувам на големо натпреварување и не може да биде поголемо од меч против Холандија на ‘Јохан Кројф арената’. Сакам да завршам дома во Скопје пред навивачите, но ова е дефинитивно крај и најверојатно ќе ставам крај на клупскиот фудбал. Утре треба да бидеме храбри, да играме отворено како во второто полувреме против Украинците. Холандија е многу моќна, но можеме да ги изненадиме“ – изјави Пандев на прес-конференција во Амстердам.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Фудбал

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.