Македонските фудбалери ќе одат на ЕП со старите дресови
Фудбалската федерација на Македонија го слушна барањето на фановите и одлучи македонската репрезентација на претстојното Европско првенство сепак да настапува со старите дресови промовирани во 2016 година со апликацијата на македонското знаме на предната страна.
Одлуката следува по реакциите во јавноста и онлајн петицијата со којашто се бараше повлекување на новите дресови на македонската фудбалска репрезентација и враќање на црвено-жолтите дресови.
„Фудбалот се игра за фановите“ – напиша претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини на официјалниот фејсбук профил.