Фудбал
ПРОПУСТ ИЛИ „ПОПУСТ“: Жозе Мурињо откри дека голот на арената „Тоше Проески“ е понизок за 5 цм
Жозе Мурињо на својот профил на Инстаграм сподели дека рамката на еден од головите на стадионот е пониска за 5 сантиметри од официјалните димензии.
Веста набрзо стигна до насловните страници на актуелните медиуми во регионот и Европа. Нему прво му се пожалил голманот Хуго Лорис, а потоа португалецот пријавил кај делегатот на натпреварот од УЕФА. Мурињо се пошегува дека прво помислил дека пораснал за 5 сантиметри, а голот беше променет пред мечот со Шкендија во Скопје.
И покрај овој пропуст, тетовци не успеаја да ја минат претпоследна пречка пред баражот за групната фаза во второто по квалитет клупско фудбалско континентално натпреварување.
Тотенхем поведе преку Ерик Ламела во 5. минута, Валмир Нафиу изедначи во 55. минута, Хонг-Мин Сон му донесе повторно водство на англискиот великан во 70. минута, а Хари Кејн ги постави конечните 3:1 десет минути подоцна.
Противник на Тотенхем во плејофот за учество во групите на ЛЕ, ќе биде израелски Макаби Хаифа.