Серхио Рамос со солзи се прости од Реал Мадрид (ВИДЕО)
Серхио Рамос по 16 години си заминува од Реал Мадрид.
Легендарниот капитен на Реал денеска во Мадрид одржа прес-конференција на која низ солзи говореше колку му е тешко заминувањето од Сантиаго Бернабеу.
Нешто подоцна тој се обрати на навивачите и фановите на својот Инстаграм каде објави фотографија со сите 22 освоени трофеи во Реал Мадрид.
-Не размислував дека ќе дојде и овој ден, но се има свој почеток и крај. Денес се простувам со мојот дом, моите навивачи, соиграчи и дресот за кој секогаш давав се и на кој му ги оставив моето срце и душа. Не можам со зборови да ја изразам мојата благодарност и гордост кога ќе помислам на ова патување кое траеше 16 години. Си заминувам со 22 титули кои засекогаш ќе бидат врежени во моите сеќавања како емоции кои не можат да се опишат. Благодарам на клубот, тренерите и соиграчите, но најмногу ви благодарам вам, навивачите на Реал Мадрид. Нема да речам „збогум“ туку „се гледаме наскоро“, бидејќи јас ќе се вратам. – напиша Рамос.
Рамос дојде во Мадрид од Севиља во 2005 година и освои 22 трофеи со Реал Мадрид – пет во „Ла Лига“, два во „Кралскиот куп“, по четири во Лигата на шампионите, Светското клупско првенство и Суперкуп на Шпанија и три во Суперкупот на Европа.
https://www.instagram.com/p/CQMaRjshBc7/