УЕФА сепак ќе покрене постапка против ФФМ поради прекршување на ковид протоколите
УЕФА отвори истрага против ФФМ, а со посебна комисија ќе се истражува дали и кои фудбалери го прекршиле строгиот протокол на европското првенство – да не го напуштаат карантинот и ковид протоколот.
Како што стои во краткото соопштение, постапката не е против фудбалерите или индивидуалци, туку против ФФМ, која на крајот би можела да се соочи со парична или друг вид на казна доколку комисијата констатира вина.