Фудбал
ЗАЕВ ВО АМСТЕРДАМ: „Напред Пандев, напред македонски јунаку“
Македонското фудбалско чудо – капитенот Горан Пандев денеска заокружува европски и светски успех.
Најдобриот стрелец во историјата на македонската фудбалска репрезентација, својот последен настап во националниот дрес го игра на историскиот пласман за Македонија на #EURO2020.
– „Напред Пандев, напред македонски јунаку! Новите македонски сили во фудбалот се во твои раце.“ – напиша Заев на фејсбук.