Спорт
ФУДБАЛСКА МАНИЈА: Скопје во духот на „Суперкуп“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Скопје живее во духот на фудбалската манија!
„Суперкупот“ кој утревечер ќе се одигра на Телеком арената донесе свежина во топлото секојдневние на скопјани, а илјадниците туристи кои се очекува да пристигнаат во главниот град ќе имаат богата програма и занимливости пред главниот меч.
Во „неутралната фан зона“ се организирани неколку активности кои имаат за цел да го доловат духот на Супер Купот.
Може да се игра 1 на 1 фудбал, има посебна локација за шутирање на пенали и може да се игра фудбалски тенис.
Поставена е и бина каде експерти од Франција во freestyle фудбал ги покажуваат и ќе ги одмерат своите способности со посетителите. За додатна анимација на секој обожавател на фудбалот ќе биде ангажирана и маскотата на Скопје Супер Куп.