Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ѓоковиќ го предаде полуфиналето против Зверев, публиката го исвирка

Спорт

Ѓоковиќ го предаде полуфиналето против Зверев, публиката го исвирка

Новак Ѓоковиќ беше принуден да се повлече од полуфиналето на Австралија опен против Александар Зверев поради повреда на левата бутина.

По завршувањето на првиот сет, Ѓоковиќ се доближи до мрежата и му ја соопшти својата одлука на Германецот, очигледно неспособен да го продолжи мечот поради повреда.

Маркетинг

Двајцата тенисери одиграа сет од 81 минута што Зверев го доби во тај-брејк (7:6), откако не успеа да ги искористи вкупно осум брејк топки.

На крајот се заврши неславно бидејќи мал дел од публиката реши да го исвирка Новак, очигледно незадоволни од тоа што платиле билети само за еден сет.

Потоа за нив стигна воспитна лекција од Александер Зверев кој им рече дека никогаш не смеат да исвиркуваат тенисер кој се повредил.

„Не смеете да исвиркувате играч кој излегува од теренот поради повреда. Јасно ми е дека сте платиле билети, но мора да го разберете Новак, тој никогаш не би предал меч ако повредата не е сериозна. Ѓоковиќ е тенисер кој му дал се на овој спорт во последните 20 години. Го има освојувано овој турнир и со повреди, скинати мускули, болки во стомакот. Мора да покажете почит и љубов кон него“, се обрати Зверев кон публиката.

Ѓоковиќ потоа на прес-конференција објави дека ова би можело да му биде последен Австралија опен.

Повеќе од Спорт

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.