Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Гледај Европско на најголемиот ЛЕД екран пред Ист Гејт Мол

Спорт

Гледај Европско на најголемиот ЛЕД екран пред Ист Гејт Мол

Со новата 2022-ра, започна листањето на нови резолуции за новогодишни желби, шопинг листи и планови, а со почетокот на истата, започна и финалното одбројување до долгоочекуваното Европско Првенство во ракомет 2022 во Унгарија и Словачка (Men’s EHF EURO 2022).

Од 13ти до 17ти јануари 2022 година, на најголемиот ЛЕД екран пред Ист Гејт Мол во Скопје, секој фан и љубител на спортот и ракометот, ќе има единствена можност да навива за македонската репрезентација во еуфорична зимска и пријатна атмосфера.

Денес, 13.01.2022 (четврток), со почеток во 18:00 часот најверните фанови ќе бидат подготвени да ги бодрат македонските репрезентативци како никогаш досега и да го покажат навивачкиот дух во спортската фан зона пред Ист Гејт Мол.

Вториот натпревар се очекува на 15.01.2022 (сабота), исто со почеток во 18:00 часот, а третиот на 17.01.2022 (понеделник) во 20:30 часот.

Првиот месец од годината е исполнет со богата програма за сите посетители во Ист Гејт Мол, каде што навивањето за македонските ракометари е само мал дел од активностите кои што претстојат.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Спорт

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.