Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Никола Јокиќ нема да настапи за репрезентацијата на Србија

Кошарка

Никола Јокиќ нема да настапи за репрезентацијата на Србија

Најдобриот кошаркар за оваа сезона во НБА лигата, го откажа настапот за својата репрезентација.

Само неколку дена откако стана МВП на најсилната кошаркарска лига, Јокиќ ги разочара домашните навивачи.

Сјајниот центар на Денвер ги објасни причините за своето отсуство:

-На мое огромно жалење, ова е момент кога морам да соопштам дека и покрај мојата огромна желба, не сум во можност да настапам за репрезентацијата. Едноставно, состојбата на моето тело бара подолго отсуство од теренот за закрепнување. Тоа е став и сугестија на клубот и неизбежност која морам да ја прифатам. Убеден сум дека момците и без мене имаат квалитет да направат резултат кој ќе ни донесе радост на сите – изјави Јокиќ.

Србија прво треба да настапи на квалификациски турнир за Олимписките игри, а ако го помине оди на Олимпијада.

Тој не пропушти ниту еден натпревар за Денвер, каде што ја одигра сезоната од соништата за која беше награден со МВП наградата и беше вклучен во првата петорка на лигата. Во просек постигнувал 26,4 поени, и имал по 10,8 скокови и 8,3 асистенции.

Ова е вторпат Јокиќ да откаже настап за Србија, претходно тоа се случило пред Евробаскетот во 2017 година и неговата одлука предизвикала огромно незадоволство кај навивачите.

 

Повеќе од Кошарка

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.