Кошарка
Кожув прв финалист на кошаркарскиот куп
Кошаркарите на Кожув се првите финалисти во Купот на Македонија откако вечерва во полуфиналето, во СЦ „Јане Сандански“ го совладаа фаворитот и домаќин МЗТ Скопје Аеродром со 75:74.
Победничката тројка за гевгеличани ја постигна Миладин Пековиќ на нецела секунда пред крајот.
За Кожув ова е историски успех и прво куп-финале.
Во победничкиот состав покрај јунакот Пековиќ кој реализира 11 поени, се истакна Албијаниќ со 13.
Стефан Синовец со 27 и Урош Лучиќ со 15 поени беа најефикасни во домашниот состав.
Вториот финалист ќе биде познат по вечерашниот дуел меѓу Работнички и Куманово. Почетокот е во 20 часот и 30 минути.