Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ЛАЗАРОВ: Почнавме лошо, но се си дојде на свое место

Ракомет

ЛАЗАРОВ: Почнавме лошо, но се си дојде на свое место

Македонската ракометна репрезентација ја постигна и втората победа, откако синоќа во Мец беше совладана Ангола со 31:22. Триумфот беше најавен во финишот на првиот дел, а отпорот на противникот беше целосно скршен кон средината на вториот дел.

– Очекувано Ангола беше подобра од натпреварот со Словенија. Ние почнавме лошо и имаше малку нервоза. Имавме шанси, но не ги реализиравме. После се си дојде на свое место и сите играчи добија шанса со што ги распоредивме силите во пресрет на дуелот со Словенија, особено што имаме и ден одмор, изјави капитенот Кирил Лазаров.

Со слично мислење е и еден од поискусните во репрезентацијата Филип Миркуловски.

– Знаевме дека Ангола ќе одигра подобро од дуелот со Словенија. Лошо почнавме, но ја постигнавме и втората победа. На Словенија одиме со две победи, а оваа репрезентација добро ни е позната. Со победа над Словенија може да се оди на второто место во групата, рече Миркуловски.

На дуелот со Ангола, иако беше неизвесен сепак настапи Велко Маркоски, кој се чуствува подобро и самиот потенцираше дека ќе биде подготвен за следниот натпревар во понеделник.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ракомет

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.