Спорт
Македонија ги доби ривалите во квалификациите за СП 2018
Фудбалската репрезентација на Македонија по вечерашната жрепка во Санкт Петербург ги дозна противниците во квалификациите за пласман на Светското првенство кое во 2018 година ќе се игра во Русија.
Македонија ќе игра во Г-групата заедно со Лихтенштајн, Израел, Албанија, Италија и Шпанија.
За првпат во едни квалификации „црвено-жолтите“ ќе играат против Албанија и Италија, а со останатите противници се има сретнато или во евро-квалификации или во мундијалски квалификации.
Квалификациите за СП во Русија ќе почнат на 4 септември 2016 година. Победниците од секоја од деветте групи плус уште четири второпласирани преку баражите ќе обезбедат учество на Мундијалот.
Следува договор меѓу селекторите за распоредот на натпреварите, а во случај да не биде постигнат, жрепката ќе одлучи кој со кого и во кој термин ќе игра.