Останато
Македонија на Светско првенство во боулинг во Лас Вегас!
Уште една Македонска репрезентација гордо ќе ја претставува државата на Светско првенство. Овојпат, тоа е во една од најзабавните спортски игри – боулингот.
Репрезентацијата, која се составува во моментов на турнирско натпреварување, ќе стои под државното знаме во Лас Вегас, каде од 13-ти до 20-ти ноември ќе се оддржи 51-вото Светско првенство во боулинг.
– ”Ни претставува чест што сме домаќини на турнир на кој, сите заинтересирани, можат да ги покажат своите вештини во боулинг. Истиот трае до 29-ти октомври, кога е големото финале. Интересот е навистина голем, а интересно е што на турнирот учествуваат луѓе од различни генерации, со и без искуство во боулинг, што значи дека има навистина голема конкуренција, но е и навистина забавно. Пријавувањето е сеуште отворено за сите во машка и женска конкуренција, па би упатил уште еден повик до сите заинтересирани, да дојдат и да го пријават своето учество на турнирот чии победници ќе ја претставуваат Република Македонија. Целта е едноставна – да ја претставиме нашата земја во најдобро светло, уште во првото нејзино учество на Светско првенство во боулинг”, изјави Дејан Бошковски, менаџер на боулинг клубот ”Bo Bowling”.
Токму најголемиот боулинг клуб во Македонија, „Bo Bowling” e главен покровител на патувањето на Македонската репрезентација во нејзиниот прв боулинг поход преку Океанот. На победниците на финалниот турнир, кој е закажан за 29-ти октомври, ќе им биде обезбедено патувањето, сместувањето, како и котизацијата за учество на Светското првенство.
Пријавувањето за турнирското натпреварување на кое се одбира репрезентацијата е во тек, и се одвива во боулинг клубот „Bo Bowling” во Скопје Сити Мол.