Ракомет
Македонија со триумф над Словенија го почна ЕП
Македонската ракометна репрезентација со триумф над Словенија (25:24) ги почна настапите на Европското првенство што се одржува во Хрватска.
По нерешените 11:11 на полувреме „црвено-жолтите“ имаа фуриозен почеток на вториот дел и серија од 4-0 за четири минути, а во 35.минута празен гол за плус 5 од својата половина промаши Дејан Манасков, по што Словенците го постигнаа првиот гол во продолжението.
Следуваше подобра игра на словенечкиот состав и резултатски приклучок. Се влезе во драматичен финиш во кој поуспешни беа нашите репрезентативци за на крајот да им приредат голема радост на присутните Македонци во „Арена Загреб“.
Најефикасни во македонската селекција беа Дејан Манасков со осум и Кирил Лазаров со седум погодоци.
Следниот дуел Македонија го има со Црна Гора в понеделник во рамките на 2.коло од Ц-групата.