Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Млад фудбалер на Челси ограбен додека играл меч од Лигата на шампиони, останал без медалите

Спорт

Млад фудбалер на Челси ограбен додека играл меч од Лигата на шампиони, останал без медалите

Млад фудбалер на Челси ограбен додека играл меч од Лигата на шампиони, останал без медалите

Младиот фудбалер на Челси, Рис Џејмс на својот Инстаграм профил објави видео на кое се гледа како крадци го ограбуваат неговиот дом.

Грабежот во неговата куќа се случил во вторникот додека тој го играл натпреварот за својот тим против Зенит во моменти кога во неговиот дом немало никој.

Англискиот репрезентативец откри дека во сефот кој е украден се наоѓале сите медали кои тој ги освоил во клупската кариера меѓу кои и последните од Лигата на шампионите како и оној освоен со Англија од Европското првенство каде „Гордиот Албион“ заврши на второто место.

-Ноќта на 14. септември додека играв меч од ЛШ, група кукавици – крадци влегле во мојата куќа. Успеале да го украдат тешкиот сеф и да го сместат во автомобил. Во сефот имаше некои лични работи, накит, медалите од ЛШ, ЕУРО2020 и Суперкупот. Овие медали ги освоив претставувајќи го Челси и Англија, а тоа е чест која никогаш нема да може да ми биде одземена. Сепак, апелирам до сите свои навивачи да помогнат во идентификацијата на овие карактерно мали луѓе кои никогаш нема да бидат мирни затоа што се појавуваат се повеќе докази против нив. Полицијата, моите советници и Челси се зад мене – имам цврсти докази против крадците – напиша Џејмс под серијата видеа од безбедносните камери.

Повеќе од Спорт

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.