Останато
Јогата за трудници во СЦ „Борис Трајковски” – полн погодок за сите идни мајки
Спортскиот Центар Борис Трајковски во соработка со Министерстото за Здравство, од 1-ви март започнаа со бесплатни часови по јога за трудници. Поради летните одмори, од 28-ми јули до 15-ти август проектот ,,јогата за трудници” ќе биде паузиран.
– „Чест ми е да ја изразам мојата благодарност кон Министерството за Здравство, кои безрезервно го поддржаа овој проект. Драго ми е што голем број на трудници се пријавија и вежбаат јога и на тој начин позитивно влијаат на својата бременост. Сите заинтересирани трудници можат да се пријават за часовите по јога секој работен ден во просториите на СЦ ,,Борис Трајковски”- изјави Златко Перински, директор на СЦ ,,Борис Трајковски”
Поради летните одмори, од 28-ми јули до 15-ти август проектот ,,јогата за трудници” ќе биде паузиран.
Часовите по јога повторно ќе започнат на 15-ти август. Сите заинтересирани трудници можат да се пријават за часовите по јога секој работен ден во просториите на СЦ ,,Борис Трајковски”, како би земале учество на часовите.
Важно е да се напомене дека јогата за трудници е комплетно прилагодена на оваа состојба кај жените и поделена во три фази согласно развојот на бременоста. Како мерка на претпазливост, сите бремени жени кои ќе ги посетуваат бесплатните часови по јога за трудници ќе треба да се консултираат со својот лекар, за својата физичка способност како би се избегнале несакани последници.
Јогата за трудници е голема добивка за време на бременоста, но и во периодот на прилагодување на новостите кои истата ги носи во нашите животи. Така се влијае на подигнувањто на квалитетот на живењете и ослободување од стресот.
Како најголем спортски комплекс во државата, целта и должноста е да се продолжи со промоција на спортот и доближување на здравиот начин на живот до граѓаните. СЦ „Борис Трајковски” ќе продолжи и понатаму со воведување нови содржини кои ќе бидат инспирирани од граѓаните, и ќе ги следат нивните потреби и интереси.