Спорт
Осма шампионска титула за фудбалерите на Вардар во Македонија
Фудбалерите на Вардар ја освоија осмата титула шампион на Македонија откако попладнево во рамките на 31.коло ја победија Ренова со 4:1. По денешното коло познато е дека покрај Тетекс лигата ја напушта и битолски Пелистер.
Играчите на Вардар победата ја обезбедија во првиот дел кога имаа предност од 3:1 на полувремето. Головите за Вардар ги постигнаа: Горан Попов (8.минута), Сенијад Ибричиќ (26.минута и 87.минута – пенал) и Стефан Спировски (39.минута), додека стрелец за Ренова беше Изаир Емини (35.минута).
На дуелот Работнички – Шкендија победа од 2:1 остварија фудбалерите на Работнички. Третиот дуел од плеј оф лигата меѓу Металург и Силекс се игра во понеделник.
Табела плеј оф: Вардар 68 бодови, Работнички 65, Шкендија 56, Ренова 47, Силекс 37, Металург 33.
Во плеј аут лигата Пелистер загуби од директниот конкурент Хоризонт Турново, додека Брегалница беше подобра од Тетекс.
Резултати плеј аут лига: Пелистер – Хоризонт Т. 0:2 и Тетекс – Брегалница 0:4.
Табела: Брегалница 42 бодови, Хоризонт Т. 36, Пелистер 29, Тетекс 11.