Останато
Отворен меѓународниот карате турнир „Гази Баба Опен 2016“
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски во спортската сала во ООУ „Наум Наумовски Борче“, денеска го означија почетокот на најголемиот карате турнир во нашата земја од меѓународен карактер „Гази Баба Опен 2016“.
На турнирот кој се одржува по јубилеен 10-ти пат ќе настапат натпреварувачи во сите категории од 6 до 16 години од 12 земји, како Словенија, Србија, Косово, Бугарија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Романија, Украина, Грција, Австрија и Бугарија.
На овогодинешното издание на меѓународниот карате турнир се очекува да настапат околу 800 натпреварувачи и истиот е во организација на карате клубот „Тигар“ од Скопје.
И оваа година меѓународниот карате турнирот „Гази Баба Опен 2016“ е финансиски поддржан од страна на Град Скопје.