Кошарка
Пипан веќе не е тренер на МЗТ Скопје Аеродром
Словенецот Алеш Пипан и македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром ја прекинаа соработка, а ваквиот развој на настаните беше најавен синоќа на прес-конференцијата по поразот од Цедевита.
– КК МЗТ Скопје Аеродром информира дека на взаемна согласност е прекината соработката со досегашниот тренер на тимот Алеш Пипан. Словенецот го предводеше македонскиот шампион до две титули државен првак, една титула во Купот на Македонија, а на почетокот од оваа сезона го освои и Супер Купот. КК МЗТ Скопје на Алеш Пипан му посакува многу успех во понатамошната тренерска кариера, стои во известувањето од таборот на шампионот.
МЗТ Скопје оваа сезона предводен од Пипан во АБА лигата забележа само четири победи наспроти деветта порази, од кои последните шест во низа. Во македонското првенство клубот од Аеродром има седум победи и еден пораз.
Останува да се види кој ќе го наследи Пипан на клупата на МЗТ кој веќе за два дена (9 декември) го очекуваа дуел со Куманово.