Останато
Пливачот Љупчо Ангеловски постави нов државен рекорд во младинска конкуренција
Членот на пливачкиот клуб Бета, Љупчо Ангеловски на меѓународен натпревар во Бања Лука во дисциплината 50 метри грбно постави нов државен рекорд во младинска категорија со време од 28.28 секунди.
Ангеловски настапи и во дисциплините 50 метри делфин и 50 метри слободно.
Финале во апсолутна категорија обезбедија и Андреј Соколовски во дисциплините 50 метри грбно, 100 метри грбно и 200 метри слободно каде го освои второ место, сребрен медал, како и Мартин Тодоровски кој учествуваше во дисциплината 200 метри слободно.
На силниот меѓународен митинг „Бања Лука Опен” во Босна и Хeрцеговина учествуваа најдобрите пливачи од 10 земји и вкупно 44 клубови меѓу кои и европски прваци.
Меѓународен настап имаа и пионерите и кадетите на Бета. Тие на напреварот „Цар Константин” во Ниш, Србија освоија вкупно 12 медали и тоа:
– Домазетов Љупчо прво место во дисциплината 100 метри грбно, прво место во дисциплината 100 метри делфин, второ место во дисциплината 200 метри слободно и второ место во дисциплината 200 метри мешано.
– Милковска Јана прво место во дисциплината 50 метри делфин, второ место во дисциплината 50 метри грбно и второ место во дисциплината 50 метри слободно.
– Давковски Борјан прво место во дисциплината 50 метри делфин и трето место во дициплината 50 метри грбно.
– Цветановски Матеј трето место во дисциплината 100 метри слободно и трето место во дисциплината 100 метри делфин.
– Серафимовски Коста Илија второ место 50 метри слободно.