Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Последен повик за пријавување на Виз Ер Скопскиот маратон

Спорт

Последен повик за пријавување на Виз Ер Скопскиот маратон

Најмасовниот и најпосетениот маратон до сега, ги повикува сите оние кои сакаат да бидат дел од Виз Ер Скопски Маратон да се пријават и да не чекаат до последен момент затоа што предвидениот капацитет се пополнува.

Пријавувањето е до 30-ти април, четврток. Годинешното издание на Виз Ер Скопски Маратон ќе биде најмасовен од сите изданија до сега. 11-тото издание на Виз Ер Скопски Маратон оваа година се одржува на 10-ти мај, по повод Денот на Европа, 9-ти мај.

Пријавувањето се врши преку веб страната на маратонот www.skopskimaraton.com.mk.

Само за потсетување, во склоп на Виз Ер Скопски Маратон ќе се одржи Државното првенство на Македонија во маратон. Новитет е штафетниот маратон за кој постои голем интерес. Интересно е да се спомене дека по пат на лотарија, двајца македонски натпреварувачи/ки ќе имаат можност да трчаат на Њујорк Маратонот, кој ќе се оддржи на 11 ноември 2015 година, со кој Виз Ер Скопски Маратон оствари соработка.

Повеќе детали за самиот маратон, пријавување и дисциплини има на веб страната на маратонот www.skopskimaraton.com.mk.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Спорт

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.