Пријавувањето започнува: Биди дел од „Авицена женска трка“
Битката за втемелување на здравите навики во секојдневието не е завршена! Токму затоа и оваа година жените ќе трчаат со цел да ја поткренат свеста за здравјето.
Авицена Женската Трка стана симбол на Скопје, случување кое со задоволство го прегрнуваат жените од сите возрасти, во име на здравјето, но и во име на добрата дружба.
Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје како дел од промотивните трки на Виз Eр Скопски Маратон 2020, на 5 април ќе се одржи новото, 8 по ред, издание на АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА.
Пријавувањето започнува од денеска, 29 јануари преку веб страната www.zenskatrka.mk. Во првите 3 дена од пријавувањето ќе можете да си го изберете вашиот омилен стартен број.
Имајте на ум дека на денот на трката не е можно пријавување (пријавувањето се затвара на 30 март), затоа пријавете се на време. При самото пријавување ќе имате можност да си набавите и dry-fit маичка па да го средите и аутфитот, а воедно да сторите добро дело. Имено, 100 денари од секоја продадена маичка ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
И оваа година, дамите ќе трчаат стартувајќи од бул. Илинденска пред Фонтана Лотус и ќе се трча еден круг од 3 км на бул. Илинденска. Патеката ќе биде обезбедена и обележена и ќе има поставено волонтери, а на 1,5 км ќе има и контролна точка за чиповите.
Единствен предуслов за да се вклучите во трката е да сте жени, но со себе понесете и многу спортски дух. Во случај да не можете да се потпрете на својата физичка спремност, тогаш Ве очекуваме во публика.
Не изненадува фактот што секоја година бројот на учеснички на Авицена женска група рекордно расте, оваа година се очекува на настанот да учествуваат повеќе од 2.500 натпреварувачки, инспирирани и мотивирани симболично да докажат дека се грижат за здравјето.
Тимот што победува не се менува, така што и во 2020-та организаторите ја продолжуваат соработката со Авицена Лабораторија како насловен спонзор 4-та година по ред.