Останато
ПРВ ДО ВРВ: Планинарење и дружење на Водно по повод Свети Трифун
Групно планинарење и возење велосипеди до врвот на Водно и заедничко дружење на врвот, тематски посветено на виното и денешниот празник Свети Трифун организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“.
Како што соопшти организаторот, стартот е закажан за 9 часот наутро пред основното училиште „Кочо Рацин“, а делот за дружење и традиционално одбележување на празникот со македонско вино е предвиден за околу 11 часот.
Настанот е поддржан од винарија „Стоби“ и еко-партнерот „Пакомак“, а е дел од серијата месечни настани во организација на „Прв до врв“.
Овој настан нема натпреварувачки карактер, додека трките во планинско трчање, планински и друмски велосипедизам се закажани на главниот натпреварувачки „Прв до врв“ на 22 мај, за кој пријавувањето е во тек преку веб-страната www.prvdovrv.mk.