Спорт
Руни донираше 100.000 фунти за жртвите од нападот и нивните семејства
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни преку својата добротворна фондација донираше 100.000 фунти за жртвите од бомбашкиот напад во понеделникот и за нивните семејства, јави Би-Би-Си.
Нападот се случи веднаш по завршетокот на концертот на американската поп пејачка Аријана Гранде во „Манчестер арената”, која е најголемата затворена сала во Европа и собира 21.000 луѓе. Од експлозијата загинаа 22 лица.
– Во животот има моменти кои ве погодуваат и парализираат. Вечерта на понеделникот беше таква… Згрозен сум што толку млади животи завршија така трагично, рече Руни.