Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Симеон Кралевски и Елена Спасовска победници на традиционалиот Илинденски пливачки маратон

Останато

Симеон Кралевски и Елена Спасовска победници на традиционалиот Илинденски пливачки маратон

Симеон Кралевски (24) и Елена Ена Спасовска (19) двајцата до Скопје, се победниците на годинешниот 39-ти по ред Илинденски пливачки маратон што денеска се пливаше во водите на Охридското Езеро.

Кралевски и Спасовска патеката од Горица до Охрид долга 2,5 километри ја испливаа за 39:54 односно 40:02 минути.

Победниците задоволни од оствареното, дури и изненадени што први допливаа до целта.

На Кралевски ова му е трето учество на овој маратон, на трката се пријавил самостојно како рекреативец така што самиот беше зачуден кога дозна оти е победник.

– Не се многу 2,5 километри, но за мене и не беше толку лесно оттаму што долго сум надвор од базенот, дури и рекреативно, рече Кралевски веднаш по пристигнувањето на целта.

Победничката Спасовска со солзи радосници ги прими честитките од нејзините најблиски на целта.

– Ова ми е прво учество и можам да кажам дека пливањето на отворени води е многу потешко, притисокот е многу поголем отколку на базен. Убаво е што има толку луѓе дојдени тука за нас да не чекат, тоа досега не сум го доживеала, рече младата Спасовска.

На пливачиот маратон рганизиран од Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ пливаа педесеттина пливачи, пријавени самостојно и како членови на повеќе клубови од земјата и странство. Тие патеката ја пливаа поделени во две старосни категории и тоа пливачи до 16 години и оние со наполнети 16 години и постари.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Останато

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.