Останато
СИТЕ НА СТАРТНАТА ЛИНИЈА: Уште 8 дена за пријавување на Виз Ер Скопски маратон
Оваа година Виз Ер Скопски маратон ќе се одржи во недела, 06.05.2018, со старт во 08.30 часот. На агендата повторно се маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон и трката на 5 километри.
Поради ефектот кој Виз Ер Скопски маратон го имаше во Македонија и пошироко оваа година светската рекордерка Пола Редклиф ќе биде промотор на Виз Ер Скопски маратон.
Пријавувањето за трките на Виз Ер Скопскиот маратон трае до 27-ми април 2018 и остануваат уште само 8 дена заинтересираните да се вклучат на овој традиционален маратон. Оваа година во соработка со eventbaxx од Германија маратонот воведе дигитален стартен пакет кој ќе ги замени хартиените материјали со цел да се зголеми заштитата на животната средина. Сепак, во стартниот пакет, зависно на која трка се пријавени учесниците, се вклучени маици со лого од трката, стартен број со чип, дигиталниот стартен пакет од eventbaxx, освежување, онлајн диплома, осигурување од несреќен случај за време на траење на маратонот и подарок од партнерите. За повеќе детали и за пријавување може да се посети официјалната веб страна на Виз Ер Скопски маратон http://skopskimaraton.com.mk и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопскиот Маратон https://www.smartrace.club/.
Оваа година Виз Ер Скопски маратон повторно надмина еден сопствен рекорд со тоа што учесници од 53 земји од целиот свет се пријавија на трките, за разлика од рекордот од минатата година кога имаше учесници од 51 држава. Организацијата на Виз Ер Скопскиот маратон се реализира на високо ниво благодарение на помошта и поддршката од Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт, Делегацијата на ЕУ, спонзорите и партнерите.
Воедно, насловниот спонзор Виз Ер и годинава на секој учесник ќе му додели вредносен ваучер за купување на авионски билети преку нивната официјална страна.
Стартните пакети учесниците ќе може да си ги подигнат на 4-ти и 5-ти мај во Парк Хотел и Спа. На денот на трката, 6-ти мај 2018, нема да може да се подигне стартниот пакет.
Виз Ер Скопски маратон би сакал да ги извести сите лица кои се заинтересирани за волонтирање дека повикот е сѐ уште отворен и дека може да се пријават на следниот линк: http://skopskimaraton.com.mk/volonteri
Овој маратон е со долга историја и поради својата популарност воспостави сериозен ефект во промоција на здравиот начин на живеење во Македонија. Повеќе од 10 години Виз Ер Скопски маратон игра значајна улога во развојот на рекреативното и натпреварувачко спортување, посебно во трчањето.
Поздравното обраќање на Пола Редклиф може да се види на: