Останато
СКОПСКИ МАРАТОН: Започнува пријавувањето за традиционалната женска трка
Традиционално пред почетокот на долгоочекуваниот Виз Ер Скопски Маратон, на 9ти април 2017 (недела), ќе се одржи 5-тата по ред Женска трка во Градскиот Парк. Истата е со должина од 2км и на крајот од трката сите натпреварувачки учествуваат во лотарија со богати награди од спонзорите.
Женската трка низ годините успева да ги посочи здравствените придобивки од редовното спортување и да инспирира за воведувањето на трчањето како здрава навика во животниот стил кај секого.
Секоја година илјадници учеснички ја започнуваат сезоната на здравјето и вежбањето преку тренирање за женската трка. Од година на година таа добива на популарност и сè повеќе жени се пријавуваат за учество.
Истата се организира од страна на Сојуз на Спортови на Скопје и е во покровителство на Град Скопје како дел од промотивните трки за Виз Ер Скопскиот Маратон кој ќе се одржи на 07 мај 2017 година и за кој сè уште трае рокот за пријавување. На маратонот досега се имаат пријавено над 1.500 учесници од 31 земја – бројка која ветува и ова издание на Виз Ер Скопскиот маратон да е најмасовното до сега.
За Женската трка 2017 пријавувањето започнува од денес, 16ти февруари , а сите кои ќе се пријават во првите 4 денови ќе можат да си го изберат стартниот број. Првиот рок за пријавување ќе заврши на 28ми февруари, каде по завршување на истиот цените постепено ќе се зголемуваат.
Пријавувањето и регистрацијата за Женската трка 2017 ќе може да се направи преку официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон http://skopskimaraton.com.mk/zenskatrka2017 и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопскиот Маратон, www.smartrace.club.
Организаторот за месецот на љубовта, на сите оние кои имаат дилема при изборот на уникатен подарок за партнерот, им препорачува подарување стартен број за учество во една од најинтересните и најзабавни трки кои се организираат во Скопје.